Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „Република“ зборуваше за работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ каде посочи дека тој е задоволен од нивната работа затоа што за ниту еден градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во оваа година време откако се на функциите нема ниту една афера.
-Задоволен сум, секогаш може повеќе, но апсолутно врз основа на можностите со кои што располагаа и условите во кои што работеа и сето она кое што го сработија можам да кажам дека сум супер задоволен, буквално сум задоволен од секој нив поединечно. Голем дел од нив ги знам проектите кои што се завршени, кои што се во тек, кои што ги планираат, дневно се слушаме на оперативно ниво. Помина повеќе од една година, видете вие, кај ниту еден градоначалник во ниту една општина морате да признаете, а не се една две или три, навистина голем број на општини, речиси педесетини општини во Македонија, апсолутно мнозинство немате ниту една афера, ниту една злоупотреба. Луѓето работат навистина, би рекол согласно оние принципи кои што сме ги договарале како генерација политичари во ВМРО-ДПМНЕ и во Македонија чесно, одговорно, мотивирано, храбро, посветено. И јас само така ги охрабрувам да продолжат и ќе ја направиме онаа наша цел, ќе ја реализираме онаа наша цел да биде вистина, а тоа е да ја вратиме Македонија она каде што и местото и каде што припаѓа, да биде лидер на Балканот, да биде држава која што ќе се гордееме сите ние, а нема да велиме дека нема овдека иднина, дека бараме билет во еден правец и така натаму, рече Мицкоски.
Тој во текот на интервјуто истакна дека градоначалниците на СДС немале отчет за сработеното и тоа претставува капитулација на отворена сцена.
-Тоа е жално, тоа е вака една капитулација на отворена сцена, сепак и тие немаат малце градоначалници, мислам дека се 16 или 18 така нешто, и тука има солидни општини, не знам како Струмица, како Центар, Крива Паланка, Валандово има неколку општини каде што ако имаат нешто направено можат да се истакнат, да се пофалат ,да речат имаме направено тоа и тоа, можеше повеќе, но тоа е што е. За жал такво нешто изостана, немаме таков отчет, ниту пак ќе имаме бидејќи ништо не работат, уживаат привилегии на грбот на граѓаните и се занимаваат со многу сомнителни деанија, но тоа е нивна работа, ние да си ја гледаме нашата работа, да промовираме порача Мицкоски.
извор: ВМРО ДПМНЕ