Мицкоски: Билатералниот спор што го имаме со нашиот источен сосед е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век

Сметате ли дека новата администрација на американскиот претседател Доналд Трам ќе може да ни помогне околку спорот со Бугарија? Гласеше новинарското прашање до претседателот на владата Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

Имам чувство, а и од тоа што имав можност да го видам и слушнам, полека но сигурно од Вашингтон насекаде во светот ќе се шири и завладее новото нормално. Ние сме меѓу првите кои што го поддржаа тоа ново нормално и ценам дека тоа ќе биде масовно во периодот кој што следи. Сметам дека со контактите кои што ги имаме со најбискиот периметар на претседателот Трамп можеме само да добиеме, а не и да изгубиме. Билатералниот спор кој што го имаме со нашиот источен сосед е спор кој што генерално нема никаква врска со вредностите на 21 век и ценам дека треба час поскоро ние да ги отпочнеме и формално преговорите со ЕУ кои што се дел од овој билатерален спор. А за сите атрибути кои се дел од овој билатерален спор кои одредени политички кругови кај нашиот источен сосед ги третираат како свој врвен приоритет тука сметат дека не треба да се коментира, бдејќи за идентитетски прашања секој мој коментар би бил одвишок бидејќи се знае мојот став за тоа прашање, истакна Мицкоски.