Прeтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Отворено студио на МРТ“ зборуваше за состојбите во економијата во земјата каде посочи на високата инфлација и потсети дека ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за мерки во економијата уште кога започнуваше кризата.
-Ние за мерки во економијата зборувавме уште кога започнуваше кризата и ние кажувавме дека ќе се трансформира во финансиска, ќе се случи таа инфлаторна спирала, но од страна на владата не убедуваа дека инфлацијата е увезена и тука се поставува легитимно прашањето како е увезена инфлацијата? Ако Македонија има едно од највисоките стапки на инфлација од 18,5 во август еве сега до 20%, а во еврозоната е 9, значи ние имаме два пати поголема инфлација, па како е тоа увезена? Делови кои што најмногу влијаат на таа инфлација е дел зголемувањето на цените на храната, на маслото, на шеќерот и така натаму, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски посочи дека за да ублажи високата цена на производи да се има викенд без ДДВ со кој што на основните прехрамбени продукти ќе им овозможиме пониска цена за да можат граѓаните да си ги дозволат.
-Затоа ние рековме дајте луѓе да имаме викенд без ДДВ со кој што на основните прехрамбени продукти ќе им овозможиме пониска цена за да можат граѓаните да си ги дозволат затоа што денеска стана луксуз месо да се купува или некои одредени основни прехрамбени производи, кажа Мицкоски.
Во врска со високата инфлација го додаде следното:
-Не е само увезената инфлацијата туку имаме и многу домашни причини, а една од причините е и ова, исто така и зголемениот дефицит односно зголемената разлика на увозот и извозот.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: ВМРО ДПМНЕ