Можеби требаше да напомене Андон дека овој проект е од 2016тата година и овој грант е од 2016тата година, зошто изминатото локално раководство не го реализирал е друго прашање. Но, затоа еве после речиси 6 години проектот почнува да се реализира и очекувам во следните 500тини дена зошто не и побрзо проектот да биде реализиран и навистина да се подобрат условите за жителите на овие населени места каде што ќе има нова вода за пиење, канализација, фекална, атмосферска итн, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Се работи во Гевгелија, се работи и секаде онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник, продолжуваме со нашите активности во проектот промени продолжуваат, повторно сме заедно со граѓаните и ова ќе трае. И јас реков дека ова нема да е процедура која што ќе биде кратка, напротив ова е процедура која што ќе трае, за да покажеме дека не сме сите исти, туку дека сме многу различни. Додека овие во владата ги интересираат само тендери во четири очи и ги интересира криминалот и корупцијата за да крадат, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата работата, чесно, штедат и градат. Тоа е разликата помеѓу едните и другите.
Затоа е многу важно набргу од денеска да имаме предвремени парламентарни избори да може оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ да замине, и да дојде влада на народот која што ќе гради и која што ќе ја врати Македонија на победничките патики.
Тоа е она кое што јас можам во моментот да го заклучам, а како човек и претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително горд што имаме градоначалници кои што ги избраа граѓаните, кои што се исклучително мотивирани, кои што сакаат да работата за интересите на граѓаните, и кои што мислам дека ќе продолжат и во иднина така да работата, затоа што нивната и нашата заедничка цел е да ја градиме Македонија и да работиме исклучиво за интересот на граѓаните на Македонија и Македонија.