Мицкоски до Груби: Гледам дека тој се препозна во изјавата од голтари до милионери, ДУИ поприлично се збогати како власт

Некои се денарски милијардери, но секако милијардери во валутата официјална на ЕУ. Народот е уморен од луѓе коишто влегле во политика голтари, а излегле од политика милионери. Не треба јас да мислам дека луѓе од власта влегле голтари а станале милионери бидејќи за тоа говорат нивните имотните листови, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на Телевизија 21.

Мицкоски посочи дека од спроведените анализи досега се покажува дека постојат луѓе кои влегле во политика голтари а излегле милионери.

„Врз основа на моите анализи на нивните имотни листови говорам дека има луѓе кои влегле во политика голтари а завршиле со политика милионери. Погледнете ги возните паркови, погледнете ги тие како живеат и каде живеат луѓето, а од друга страна народот е сѐ посиромашен“, рече Мицкоски.

Дециден е Мицкоски дека доколку има и наши функционери од ВМРО-ДПМНЕ ако влегле голтари во политика а излегле милионери, тогаш и тие треба да бидат на судот на јавноста.

„ДУИ и Артан Груби се препознаа во изјавата од голтари до милионери. Мене ме зачуди фактот зошто Артан Груби и ДУИ во таа изјава, јас не споменав имиња за да не го спуштам нивото на тоа примитивно ниво како што тој го спушти“, заклучи Мицкоски.