Нашата визија не е Ромите да бидат „толерирани“ или „вклучени“, туку Ромите да бидат рамноправни граѓани, со иста моќ да одлучуваат, создаваат, сонуваат и живеат достоинствено, порача синоќа премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на денешниот Меѓународен ден на Ромите, 8-ми Април.
„Затоа, денес не е само ден на одбележување, туку ден на отчет. Ден кога повторно го обновуваме нашиот завет – дека нема да има напредок без еднаквост. Дека нема слобода без правда. Дека нема развој без вклученост на сите. Ја градиме Македонија како држава за сите. За секое дете, секое семејство, секој човек, без разлика на етничка, верска или социјална припадност“, рече премиерот.
Живот на маргините
Во обраќањето во Националната опера и балет, Мицкоски посочи дека „вистината е оти ромската заедница предолго живее на маргините”.
„Да бидеме искрени, нееднаквоста е реална. Има системски бариери и преземаме одговорност да ги рушиме тие бариери, чекор по чекор, политика по политика, проект по проект. Образованието e клучот кон инклузија. Затоа Владата вложува во политики кои ќе обезбедат еднаков почеток за секое дете, без разлика на етничка или социјална припадност. Образованието не е само учење факти. Тоа е учење на самодоверба. За ромските деца, образованието не е само опција, тоа е надеж. Тоа е одговор на генерации неправда, на исклученост и заборав”, посочи премиерот.
Праксата ги потврдува ваквите оценки. Живеат во ризик од сиромаштија, со проблеми во пристап до вода, домување, образование и здравствена заштита, честопати Роми се мета на маргинализација, дискриминација, сегрегација…
Доволно е да се прегледаат извештаите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) кои укажуваат дека – од училиштата до работното место – многу Роми се соочуваат со интерсекциска дискриминација, наидувајќи на различни социјални бариери и предрасуди.
Образование без сегрегација
Лани на пример, по поднесени претставки, КСЗД утврдила дискриминација во 21 случај и тоа во услуги на приватни угостителски објекти, образование, наука и спорт, сегрегација во образованието, домување и пристап до услуги, пристап до добра и услуги, здравствено осигурување и здравствена заштита, услуги од јавниот транспорт, работа и работните односи и јавно информирање и медиуми.
Сегрегацијата во македонските училишта е значителен проблем кој што го констатира и Европската комисија. Децата учат во посебни паралелки, не се мешаат со деца од другите етнички заедници.
КСЗД ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој во 2022 година, донесе пресуда во корист на родителите Роми, чии деца беа сегрегирани во училишта во Битола и во Штип, а по претходно обезбедени мислења од КСЗД.
Едната од двете општи препораки што ги има донесено Комисијата, се однесува токму на тој проблем – за отстранување на сегрегација во основното образование со особен фокус на ученици Роми. И втората – локалната самоуправа да обезбеди еднаков пристап до вода до сите граѓани со особен фокус на ромската етничка заедница.
На важноста од образованието се осврна и премиерот. Тој рече дека 8-ми април има силна симболика – тој е ден на сеќавање, на историја, на прогонот, на исклученоста, но и ден на достоинство, отпор и надеж, ден кога се слави ромската култура, но и гласно се зборува за неправдите со кои се соочувала оваа заедница. Тој потенцира дека Владата вложува во политики кои ќе обезбедат еднаков почеток за секое дете, без разлика на етничка или социјална припадност и дека еднаквоста во образованието е владин приоритет.
„Да го промениме животот на секое ромско дете. Тоа дете може да биде идниот лекар, архитект, уметник, пратеник или премиер. Да не дозволиме ниту едно дете да биде оставено зад нас. Да не дозволиме сиромаштијата да ја победи шансата. Да им дадеме крила, тие веќе имаат сила. Да го отвориме патот, тие веќе имаат соништа“, повика премиерот.
Вработувањето, интеграцијата, еднаквите економски шанси, се целите на кои интензивно се работи. За вклучување на Ромите во пазарот на трудот се предвидени активни мерки за вработување во соработка со Агенцијата за вработување, специјално насочени кон младите Роми и жените, како и обуки за занаетчиство и дигитални вештини, но и можности за самовработување преку грантови и менторство. Во периодот од 2023 година заклучно со денес, повеќе од 1.000 Роми добиле работен ангажман или почнале сопствен бизнис.
Владата поддржува реновирање на објекти, канализациска мрежа, пристап до вода и струја во Шуто Оризари, Битола, Кочани, Делчево и други општини. Се градат и нови социјални станови.
Потсетувајќи на изјава на поренешната канцеларка Ангела Меркел („Ниту една демократија не е комплетна додека сите гласови не се слушнати, особено оние што предолго биле замолчени“), Мицкоски посочи и дека интеграцијата не е целосна без глас и учество. Го охрабри политичкото организирање и застапеноста на Ромите во локалната и централната власт, како и поддршката за ромски граѓански организации и културни манифестации.
Меѓународниот ден на Ромите денеска ќе биде одбележан со бројни активности, а ќе биде отворен и првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи. Во таа пригода ќе се обратат градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, заменичката постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации – Ана Чернишова и претставникот на Европската делегација, Александру Абру.
Вработувања, обуки, застапеност