Мицкоски: За 40-тина дена дадени се близу 40 милиони евра само увоз на струја, а сигурно на основа на ДДВ на струја ќе има покачување

„Сигурно ќе имаме барем во основа кај ДДВ-то покачување од 5% бидејќи не го прифатија амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за да се одржи ДДВ-то 5% за струјата. Туку ќе одат сега на 10%, од јуни и на 18% значи тоа сигурно ќе се случи“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски при одговарање на новинарско прашање при посета на општина Аеродром.

Мицкоски додаде дека неговите информации од Регулаторна комисија велат дека се уште пресметките енергетските компании ги немаат доставено.

„Дали во основата на цената на струјата ќе имаме покачување тоа не знам, тоа треба да го каже Регулаторна комисија. Моите информации од Регулаторна комисија се дека се уште пресметките енергетските компании не ги доставиле. Но, што се однесува до данокот, до ДДВ-то тоа сигурно ќе биде 5% сега и уште дополнителни 8% барем според тоа што е официјална политика на Владата, бидејќи го одбија амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за задржување на 5% повластена стапка на ДДВ за цената на струјата“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се однесува до ставот на Владата дека произведува доволно за потребите на ЕВН Хоме, или на домаќинствата и оние кои што ги снабдува ЕВН Хоме, еве вие самите во прашањето дадовте демант односно ако ние произведуваме доволно чуму потребата да увезуваме. Многу едноставно, ако јас произведувам зошто да увезувам? Ќе си произведувам и нема потреба да увезувам. Они увезоа сега најновата дека мислам денеска објавив од 12-ти до 18-ти декември нови 2.5 милиони евра и некаде за 40-тина дена се близу 40 милиони евра само увоз на струја. А, плус увоз на јаглен, плус увоз на мазут. Тоа е дополнително. Хидро централите се на 16%, ТЕЦ Неготино работи само со еден котел, а РЕК Битола работи со два блока на 75%. Трансформаторот го нема, требаше на први ноември да дојде, но трансформаторот не е и во Македонија. Тоа не е игла па да ја скриеме. Тоа е озбилна градба“, појасни Мицкоски.

извор: ВМРО ДПМНЕ