Мицкоски: Имаме план ќе се посветиме на суштински теми, економија и систем кој обезбедува правна сигурност, нема да правиме естрада како што сега прават

На сите анкети топ-тема за сите граѓани е економијата и сите поттеми – слаб стандард, ниски плати и пензии, инфлација… Сето тоа конвергира кон економијата, повеќе од 30 отсто од граѓаните велат – тоа е тоа. За да имаме ние стабилна економија мора да имаме пред се систем кој ќе обезбедува правна сигурност за секој. Значи, ќе треба да се посветиме тука, ова октроирано судство да го реформираме и имаме план, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Фокус, на прашањето дека во земјава се говори повеќе за естрада, а не за суштинските теми.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со детални потези.

Како што додаде за  решавање на проблемот со корупцијата треба и да им се дадат одврзани раце на чесни обвинители и судии  и ќе се знае кој како што стекнал.

–  Еве отсега можам да им кажам дека, иако имало многу обиди за средби со мене, ниту имам намера ниту познавам некого на кого ќе му извршам влијание, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека треба да се обезбеди правна сигурност, по што ќе дојдат инвестициите, а на инвестициите им треба работоспособно население, значи треба да се занимаваме со здравството, со образовниот процес.

Тој нагласи дека образованието продуцира кадри.

– Немам мислење дека се доволни за пазарот на труд, тука треба сериозна анализа и реформа и таков тип на кадри да се продуцираат. Се сеќавам пред 5 6 години имаше јавна дебата околу дуално образование, дали некој уште зборува за тоа? Нашиот образовен систем за жал мака мачи да обезбеди учебници. Некаде нема ни просторни услови, рече тој.

Мицкоски воедно нагласи дека поради немањето стратегија во овие 6 години во здравството се доведовме во ситуација готов проект за нов клинички да се растури и денес да сме пред арбитража со големи суми на пенали на фирмата чиј договор беше раскинат од страна на владата. Потоа ќе правеа во Визбегово, па не во Визбегово туку накај Сарај.

– Тоа е без концепт, колку да се каже и да се вергла без проекти. Ние имаме 2 предизвици. Прво, дали ќе инвестираме во тули или медицински кадар. Ако инвестираме во тули, потребен ни е репрезентативен нов клинички кој идната влада треба да го изгради. Или втората работа е да се искористат моменталните капацитети, но да се адаптираат, да се донесе нова опрема, да се вложи во медицинскиот кадар и да се обезбеди солиден здравствен систем. Се ова да направиме и ако повторно имаме луѓе од здравствениот систем што заработуваат на смртта на пациентите, како во случајот Онкологија, попусто, изјави Мицкоски.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ