Мицкоски: Криминалците во Македонија царуваат и се заштитени од судиите и обвинителите кои ги поставуваат СДС и ДУИ, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ова ќе го спречи и удри во корен

Не е тајна дека во Македонија судии и обвинители се поставуваат ако добијат партиска препорака, препорака од неколкумина во партиите, се знае кој е задолжен во СДС, а кој кај ДУИ.  Можам на ливче да ви ги напишам именувањата на оние кои во иднина ќе бидат обвинители и судии, од прв до последен и да ви кажам кој ја дава препораката за нив. Која општинска организација или кој општински огранок на ДУИ и кои двајца луѓе ќе дадат за тие да бидат обвинители или суди, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Гази Баба, одговарајќи на новинарско прашање за случувањата во Судски совет.

Мицкоски посочи дека и затоа не е чудно тоа што се случува и затоа државата е таму каде што е, односно нема владеење на правото, криминалците за жал се лица кои имаат угледен имиџ, поради тоа што се чувствуваат семоќни, односно криминалот е неказнет.

– Денеска да се биде криминалец во Македонија е многу позначајно отколку да се биде доктор, професор, работник, земјоделец, затоа што тие се штитени од страна на судиите и обвинителите кои се поставени по партиски налог, но и од самите политичари, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има тешка задача да ги удри во корен ваквите случувања за да не може повеќе криминалците да бидат заштитени.

– Кога ќе го удриме во корен тогаш ќе биде вратена надежта и тогаш на Македонија ќе и тргне. Во спротивно ќе имаме криминалци кои царуваат низ улиците во Македонија, политичари кои ги штитат и судии и обвинители кои ги амнестираат, изјави Мицкоски.

извор: ВМРО ДПМНЕ