Мицкоски: Македонскиот јазик е длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор

Денес, на Меѓународниот ден на мајчин јазик, да му оддадеме почит на јазикот што нè обликува, нè учи да сакаме, да се бориме и да мечтаеме.
Јазикот е наш долг и наше право – Крсте П. Мисирков
Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор.
Да го чуваме, негуваме и гордо пренесуваме на идните генерации, бидејќи секоја изговорена реченица е сведоштво за нашата култура, традиција и непокор. Среќен нека е денот на сите што зборуваат од срце, на јазикот на своите корени, пишува на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.