Мицкоски на средба со Ричард Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, кој е во САД на инаугуарацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во Вашингтон имаше средба со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија.

Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план.

Се бориме за секој интерес на Македонија!“, информира Мицкоски за средбата со Гренел.