Разговаравме околу актуелната ситуација во Македонија, високото ниво на корупција и криминал чиј што главен промотор е Владата на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ. Потоа зборувавме за неуспехот во реформите, за сето она лошо што се случува во образованието, здравството, лошата состојба на земјоделците, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбите во Брисел со високи претставници на ЕУ.
Мицкоски посочи дека како ВМРО-ДПМНЕ се консултирале со европските претставници за можни решенија.
„Се консултиравме со луѓето, високите претставници на ЕУ, со луѓето од Европскиот парламент за можните решенија кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги преземе во насока на решавање на овие реални проблеми“, кажа Мицкоски.
Мицкоски посочи дејка посебен фокус во разговорите бил ставен на корупцијата.
„Посебен фокус ставивме на високото ниво на корупција и криминал во државата и како да владее правото. Денес имаме држава каде гледаме како владеат банди заштитени од криминални политичари, а најмалку владее правото во Македонија“, посочи Мицкоски.
извор: ВМРО ДПМНЕ