Со повреди во Клиничката болница во Штип е однесена девојка, која претпладнево по 9 часот била удрена од патничко возило додека поминувала на пешачки премин кај Дујлето во Штип.
Случајни минувачи притрчале да и’ помогнат на девојката и повикале Брза помош. Набргу е пренесена во Клиничката болница во Штип, пренесува Канал 77.
Од болницата за порталот информирале дека во тек е рендген снимањата, по што ќе се знае повеќе за повредите.
Младиот возач е на местото на настанот, додека полицијата врши увид.
skopjeinfo.mk