Млада жена од Гостивар била жртва на семејно насилство.
– На 04.12.2024 во 13.30 часот во ОВР Гостивар, Џ.С.(19) од Гостивар пријавила дека на 29.11.2024 колу 00.30 часот, по кратка расправија во семејниот дом во Гостивар, била физички нападнатa од нејзината свекрва и нејзиниот сопруг, информира СВР Тетово.
Според пријавата, тој после тоа го зел бебето, а неа ја однел кај нејзините родители и ѝ се заканувал за да не го бара детето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
skopjeinfo.mk