Млад британец загина на плажа на грчкиот остров Родос – одбивал да излези од морето, го удрил гром

Дваесет и шестгодишниот Британец Скот Седон загина откако во понеделникот го удри гром на плажа на грчкиот остров Родос, објави Република .

Како што пренесуваат грчките медиуми, несреќата се случила нешто пред 14 часот во местото Аја Агати, каде веднаш интервенирале екипи на Брза помош. Реанимацијата продолжила и во болницата, но лекарите не успеале да го спасат.

Според очевидци, кога започнало невремето, сите капачи излегле од водата и се засолниле. Го повикувале и Скот, но тој одбивал да излезе од морето.

Семејството на Скот е по потекло од Ливерпул, но живее на Родос неколку години.

 

извор: Република