Во текот на оваа работна седмица во нашата Република Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дума умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината следува период на променливо бреме со услови за појава на повремен локален дожд, повремено пороен и со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Сето ова е поради влијанието на циклонската активност (поле со низок возушен притисок) со потекло од западна Европа, а потоа и над Џеновскиот Залив.
Сепак, и покрај ова останува топло времето, односно со пролетни температури на воздухот кои преку ден на многу места ќе се искачуваат до близу, или околу 20 степени. На повеќе места тие ќе надминуваат и 20 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повремено ќе се искачуваат и до околу 25 степени, а повремено истите би можеле да надминуваат и 25 степени.
Во Скопје и околината во текот на оваа работна седмица останува пролетно топло со температура која ќе надминува 20 степени.
Да напоменам дека поради изразеното јужно воздушено струење, оваа работна седмица од Сахара кон нашата Република Македонија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде позаматена, а времето ќе биде помачно и поспарно, пишува во својата анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.