Процесот на уставни измени е суверено право на граѓаните на Северна Македонија, и нема можност Бугарија да се вклучи во тој процес, соопшти во средата вечер македонското МНР, откако шефот на бугарската дипломатија денеска побара вклучување и на Софија во процесот, објави dw.com.
„Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија“, се наведува во реакција на министерството за надворешни работи во Скопје.
Претходно, шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, од Брисел порача дека Бугарија сака да учествува во процесот на уставните измени кој што во наредните месеци ќе се одвива во Северна Македонија. Милков рече и дека на оваа тема веќе разговарал и со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.
„Во Северна Македонија веќе се дискутираат варијанти на идните текстови за промена на уставот на земјата, а Бугарија сака да биде дел од овој процес за да може да се одвива без проблеми“, вели Милков.
Македонското МНР тврди дека Османи и Милков не разговарале на оваа тема.
Текстот во целост на: dw.com.