МНР со осуда за палењето на влезот на клубот„ Ванчо Михајлов“ – Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден

Министерството за надворешни работи на Македонија најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.
Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина.

Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Македонија.

Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин.

извор: МНР

фото: Телма