МНР ќе прати протестна нота за Џамбаски – Иако се обидувавме да го игнорираме, овојпат ги надмина сите граници на провоцирање

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе прати официјална протестна нота до Бугарија поради последната изјава на европратеникот Ангел Џамбаски кој упати навреди на адреса на премиерот Димитар Ковачевски и изрази отворени територијални претензии.

-Иако се обидувавме да го игнорираме, овојпат ги надмина сите граници на провоцирање.Според сите меѓународни и билатерални договори има основа да се реагира до бугарската држава, бидејќи искажува територијални претензии и навредлив говор, најави шефот на дипломатијата Бујар Османи.

извор: Фокус