Мода или заштита? Маска на лице за пливање!

Модниот детал постои веќе извесно време и се вика фејскини, а служи за заштита од сонце, но и медузи и алги.

Во Кина на плажите се` позачестено се гледаат „маскирани“ пливачи – главата е целосно покриена, а има отвори само за очите, носот и устата. Тоа претставува заштита од сонце, но и од медузи и алги. Посебно при годинешните рекордни горештини и опасното сончево зрачење, фејскини доживува вистински бум во Кина, посебно кај жените. Оваа фотографија е снимена на плажа во кинеската провинција  Шандонг.

 

 

DW