Под влијание на плиткиот циклон кој е со центар над Туренско Море, во нашата Република Македонија ќе одржува многу нестабилно време со до петок (20 јуни). Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загрената атмосфера која е исполнета со енергија, повторно кај нас ќе имаме појава на невреме, проследно со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплави, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град, кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.
И во делови од Скопскиот регион очекувам нова нестабилност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени.
Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат и да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.