Молдавија: Ракетен напад на зграда во регионот на Придњестровје

Низа на експлозии одекнаа вчера во близина на зградата на Министерството за државна безбедност во Придњестровско Молдавската Република, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според извештаите на локалните медиуми, нападната е зградата на Министерството за државна безбедност во Тираспол, таканаречената престолнина на Придњестровје, кој е под контрола на проруските сепаратисти.

Наведено е дека зградата е тешко оштетена, а на местото на настанот пристигнале дежурни противпожарните единици.

Од Министерството за внатрешни работи на Придњестровје е наведено дека во нападот нема повредени.

Откако Молдавија прогласи независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, Придњестровје, кое се наоѓа на источниот брег на реката Днестар, исто така еднострано прогласи независност.

Вооружените судири кои започнаа помеѓу Молдавија и Придњестровје по прогласувањето на независност се завршени со прекин на војната на 22 јуни 1992 година.

извор: Агенција Анадолија (АА).