Момче на возраст од 25 години, кое било пријавено за исчезнато на четврти септември, вчера било пронајдено живо и здраво во Дебар. Како што информираат од СВР Охрид, момчето е по потекло од селото Требиште, Општина Маврово Ростуше.
Вчера во 13.00 часот, при контрола во возило опел со скопски регистарски ознаки, извршена на улицата 8 Септември во Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Дебар го пронајдоа И.Ј.(25) од селото Требиште, Општина Маврово Ростуше, кој беше пријавен за исчезнат на 4-ти септември.
Додаваат дека автомобилот во кој било пронајдено лицето не бил пријавен за исчезнат.
mkd.mk