Моника Лукровска, доктор специјализацант, е 40-годишната скопјанка која загина во тешка сообраќајка која се случи во средата, доцна вечерта на магистралниот пат Скопје – Блаце.
Информацијата за смртта беше објавена на социјалните мрежи на Геронтолошкиот завод од Скопје, каде Моника била дел од тимот на доктори.
Нејзините колеги велат дека Моника била професионалец, пријател и колега со срце и милост.
Остави траги и многу спомени зад себе.Денес сите не смрзна,сите не замолчи во еден миг. Во еден миг застана се и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас а без глас. Добриот човек секогаш ќе се памти, стои во Фејсбук објавата каде додаваат дека Моника секогаш зрачела со позитивна енергија без разлика на секојдневието.