Министерството за образование и наука ја известува јавноста дека и од понеделник, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес.Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година. Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.
Related Posts
Нова дигитална услуга – електронски уписи во средните училишта
Министерството за образование и наука денеска ќе ја презентира новата дигитална услуга – „Електронски уписи на ученици во средни училишта”. Услугата…
НетПрес: Директорот на Финансиска полиција Муареми добил кривична пријава
Поради основано сомневање дека директорот на Управата за финасиска полицицја сторило кривично делчоа злипутреба на служнбената положба и овластувања, како…
Изгорен автомобил го запре сообраќајот кај Плетвар
Изгорен автомобил го запре сообраќајот кај Плетвар. Споредпрвичните информации на овој патен правец има целосно изгорено патничко возило. На терен…