Московскиот суд издаде налог апсење на уште еден член на тимот на Навални

Московскиот суд издаде за налог за апсење на уште еден член од тимот на починатиот опозициски руски политичар Алексеј Навални. Станува збор за Александра Фролова, која е во егзил.

Три дена претходно, истиот суд издаде потерница за Нина Волохонскаја, продуцентка на каналот Јутјуб Навални во живо. Таа исто како и Фролово сами ја напуштиле Русија, и заминале во егзил.

Во средината на август, Фролова и Волохонскаја беа додадени на руската листа на барани лица поради наводно учество во активности на екстремистичка група.

Организациите и проектите на Навални беа означени како екстремистички и забранети во Русија во јуни 2021 година. Доколку бидат уапсени и осудени, двете жени се соочуваат со затворска казна до шест години.

 

slobodnaevropa.mk