Распространувањето на веста за смртта на Андреј од ДНК беше дочекана со шок и неверување од сите оние кои го познаваа, сакаа и имаа соработувано со него.
Емотивни пораки се нижат на социјалните медиуми…
„Голем човек, големо срце голема загуба. Почивај во мир добро човече, баш на оваа песна ви пеев пратечки вокали… Пеј како што си знаеше ти најгласно, најубаво, таму горе. Не сакам да верувам.“
Весна Петрушевска
„Приказната за љубовта се состои од здраво и збогум, сѐ додека не се сретнеме повторно. Сите бевте ангели на земјата, ми беше огромна чест што ве познавав и живеев во вашето време. Сара, Андреј, Џоко и Филип“
femina.mk