Над 15 илјади украинци се претплатиле на масовни оргии во случај на притискање на црвеното копче од Путин

Ако дојде до тоа Владимир Путин да го притисне црвеното копче, доведувајќи го човештвото на работ на масовно уништување, се чини дека многу Украинци ќе ги поминат последните часови во секс.

Имено, порталот „The Sun“ објави дека повеќе од 15 илјади Украинци се претплатиле на масовни оргии во случај на притискање на црвеното копче, кои ќе се одржуваат на рид кој се наоѓа во близина на Киев.

Доколку се случи најлошото, организаторите ги повикаа заинтересираните да си ги украсат рацете со риги за да покажат кој е за анален, а кој за орален секс.

Според Ролф Моват-Ларсен, поранешен шеф на канцеларијата на ЦИА во Москва, светот достигна точка што не е видена од кубанската ракетна криза во 1960-тите.

„Би било ужасно неодговорно од страна на западните лидери да ги сфатат заканите на Путин како фалење. Сигурен сум дека западното раководство сериозно ќе ги сфати тие закани. Нема воена причина Путин да не користи нуклеарно оружје.

Тој не може да користи тактичко нуклеарно оружје на бојното поле за да победи во војна што не може да ја добие со војска. Нуклеарното оружје не зазема територија. Со нуклеарно оружје се обидувате да се борите со непријател кој не можете да го запрете со ниедно друго оружје. Тоа е опасност“, изјави поранешниот шеф на московскиот огранок на ЦИА.

 

republika.mk