Марија Јовановски-Срцева е новата директорка на ТОАРИЛУЦ.
Таа е вонреден професор на Катедрата за анестезија и реанимација и здравствена нега. Проф. Срцева е предавач на меѓународни конгреси. Таа со титулата доктор на медицински науки се стекнува во 2016 год на Универзитет „Св. Кирил и Методиј”- Медицински факултет, Скопје, а на истиот универзитет и магистрила. Таа станува специалист по Анестезиологија со реанимација во 2008год, а од 2023 год е и супспецијалист по фармакотерапија, објави Република .
Проф.д-р Срцева со своите стручни и научни надградувања се стекнува и на интернационално ниво, ова се дел од нив: студиски престои во Салзбург, Австрија, Амстердам 2021: Претставник на Македонија и носител на прокт на Европска унија; СОSТ:Sudden cardiac arrest оut of the hospital, студиски престој во 2022 во Белград , Србија, август 2021 (Кишинев, Молдавија).
Исто така е дел од обуки во рамки на (Thessaloniki-Greece) – организација на НЕАТ- Multidisciplinary approach to Bleeding Management in Obstetrics and Cardiac surgery, (Hainburg-Austria) – организација на HEAT, EAHT-Multidisciplinary approach of bleeding, (Iraklion-Greece), за едукација на болнички кординатори (Загреб-Croatia).
Проф. д-р Срцева во стручната и научната дејност како признание за посветеноста ги добива и следните награди: – Medis Recognition Award, Achievement for Recognition in outstanding research Ljubljana 2016, Slovenia · First Award and second award for Best Orginal Research on BIsop 2018, Belgrade, Serbia, · Achеvment for extensional reviewer Elsiver · The best case report-third place; Bisop 2023, Belgrade, Serbia. Таа од 2000 год до 2003 год работи на Институт за срце и срцеви заболувања-Скопје, а од 2003 год до денес е на Клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување.
Проф. д-р Марија Срцева ce јавува и како автор и коавтор на книги и делови од книги издадени од УКИМ,но и од странски универзитети.
Проф. д-р Цветанка Бајрактарова Мишевска e новата директорка на ЈЗУ Универзитетски Стоматолошки Клинички Центар.
Специјалистичкиот испит по ортодонција го положила во 2000 година и се стекнала со звањето специјалист по ортодонција. Во 2010 година засновала двоен работен однос на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон” на Клиниката за ортодонција.
Постдипломските студии од областа на ортодонцијата ги завршила со просечна оцена 10,00 а магистерскиот труд со наслов „Дентофацијална морфологија кај индивидуи со агенеза на заби” го одбранила на 6.4.2004 година. Докторската дисертација со наслов „Морфолошки карактеристики на краниофацијалниот комплекс кај индивидуи со Turner-ов синдром” ја одбранила на 4.11.2013 година на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Во 2004 година, д-р Цветанка Бајрактарова Мишевска е избрана за помлад асистент на Катедрата за ортодонција, а во 2007 година за асистент на истата Катедра. Во истото звање е реизбрана во 2010 година. Во 2014 година д-р Цветанка Бајрактарова Мишевска е избрана за научен соработник на Катедрата за ортодонција, а во 2016 година за доцент на истата Катедра. Во 2019 година д-р Бајрактарова Мишевска е избрана за вонреден професор на Катедрата за ортодонција а во 2023 година за редовен професор на истата Катедра.
Била ментор на повеќе кандидати за специјализација по ортодонција, ментор на 4 магистерски и 4 докторски трудови, како и ментор на повеќе од 20 дипломски работи и студентски теми. Автор и коавтор е на 114 стручно-научни трудови, објавени во земјата и во странство.
Нов директор на Јавна здравствена установа УНИВЕРЗИТЕТСКИ ИНСТИТУТ ЗА КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА Скопје е др Николина Гроздановска.
Tаа е Европски Специјалист по Лабораториска Медицина EuSpLM од 2019г. во регистарот на EFLM European Federation of Clinical Chemistry and Laboratory Medicine под регистрациски број 1870.
Гроздановска е специјалист по медицинска биохемија со положен специјалистички испит на ден 26.02.2018г, специјалистичка лиценца за работа и специјалистички факсимил, како и докторанд-апсолвент на медицински науки при УГД.
Од денес со ЈЗУ Општа Болница Струмица ќе раководи нов директор специјалист интернист, суп-специјалист-дијабетолог Др. Гоце Христов, кој во ЈЗУ ОБ Струмица работи од 2012 годинa.
Автор е на повеќе стручни трудови има долгогодишно практично искуство од медицината.