Нападнати и повредени шумски полицајци: Им се заканувале со моторна пола, остри и дрвени предмети

На 27.12.2024 година во 17:40 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.З.(57), Б.З.(36), В.В.(18) и едно малолетно лице, сите од Велес, а постапувајќи по пријава од Ф.Ј.(54) вработен во Шумска полиција-Велес.

Според пријавеното, на земјен пат од езеро Младост кон село Ветерско, велешко, додека Ф.Ј. заедно со Б.К. и З.З. вршеле службени задачи како шумски полицајци, ги затекнале лицата како вршат бесправна сеча на дрва по што биле физички нападнати од истите.

Притоа Б.З. користел и остар предмет и им нанел повреди на З.З. и Б.К., констатирани во болницата во Велес. додека В.В. се заканувал со вклучена моторна пила, како и С.З. и малолетното лице кои држеле дрвени предмети.

Напаѓачите потоа заминале со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки.

Лицата биле приведени а С.З Б.З. и В.В. се задржани во полициска станица, а возилото додека предметите од нападот биле пронајдени и одземени.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.