На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство.

Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.
– Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали информираат од ФБ страницата од Министерството за здравство на РМ