Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељазков.
„За“ гласаа 125 пратеници, „против“ беа 114, а немаше воздржани.
Со тоа, по многу обиди во изминатите четири години, седум изборни циклуси, и два и пол месеци по последните парламентарни избори, Бугарија доби редовна политичка влада.
Владата на Жељазков беше поддржана од пратениците на ГЕРБ-СДС, БСП-Обединета левичарска партија и Има таков народ, како и од партијата ДПС – ДПС.
Против гласаа ПП-ДБ, Преродба, ДПС-Нов почеток и МЕЧ.
Во новиот владин кабинет, коалицијата ГЕРБ-СДС има 11 министри, БСП – Обединета левичарска партија пет, а Има таков народ ќе има четворица. ДПС – ДПС иако ја поддржа, нема да партиципира во новата Влада.
Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.
Состав на новата Влада на Бугарија:
Премиер – Росен Жељазков;
Вицепремиер и министер за иновации и раст – Томислав Дончев
Вицепремиер – Атанас Зафиров
Вицепремиер и министер за транспорт и врски – Гроздан Караѓов
Министерка за финансии – Теменужка Петкова
Министер за внатрешни работи – Даниел Митов
Министер за надворешни работи – Георг Георгиев
Министер за регионален развој и јавни работи – Иван Иванов
Министерот за труд и социјална политика – Борислав Гуцанов
Министер за одбрана – Атанас Запријанов
Министер за правда – Георги Георгиев
Министер за образование и наука – Красимир Валчев
Министер за здравство – Силви Кирилов
Министер за култура – Маријан Бачев
Министер за земјоделство и храна – Георги Тахов
Министер за животна средина и води – Манол Генов
Министер за економија и индустрија – Петар Дилов
Министер за енергетика – Жечо Станков
Министер за е-Влада – Валентин Мундров
Министер за туризам – Мирослав Боршош
Министер за млади и спорт – Иван Пешев.