Нашла двојничка на Инстаграм,па ја убила за да ја лажира сопствената смрт

Кога во август минатата година во паркиран Мерцедес во јужниот германски град Инголштад било откриено тело на млада жена, жртвата првично била идентификувана како Шарабан К., 23-годишна козметичарка од Минхен со ирачко потекло.

Иако некои членови на семејството на Шарабан го идентификувале телото, по обдукцијата извршена следниот ден, повторно се наметна прашањето за идентитетот. На крајот било утврдено дека жртвата е Хадиџа О., исто така 23-годишна, алжирска блогерка за убавина од Хајлброн во соседната покраина Баден-Виртемберг, објави: vecer.mk.

Полицијата соопштила дека жените биле многу слични поради црната, права коса и сличниот тен, а германските медиуми подоцна случајот го нарекле „двојно убиство“.

23-годишниот Косовец Шеќир К. и Шарабан К. биле уапсени на 19 август 2022 година, но до оваа недела властите јавно не шпекулирале за мотивите за убиството.

„Преку истрагата дојдовме до оправдано сомневање дека обвинетата сакала да се сокрие поради некаков семеен спор, па се обидела да ја лажира сопствената смрт“, изјави денеска обвинителката Вероника Гризер.

Полицијата соопштила дека една недела пред убиството, Шарабан К. контактирала со неколку жени кои личат на неа, а на социјалните мрежи се претставила под различни имиња.

„Таа им ветила различни работи за да ги убеди да се сретнат и на крајот успеала да најде жртва“, изјави Гризер.

Текстот во целост на: vecer.mk