Најважните случувања во 2023 година во Македонија

Ова се некои од најважните случувања во Македонија што ја одбележаа 2023 година и што Анадолу ги прикажува на хронолошки начин.

12 јануари – Под мотото „За народот се работи“, Македонија официјално го презеде претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за 2023 година.

31 јануари – Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, како претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) пред Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел, ја претстави програмата на Северна Македонија како претседавач со Организацијата во 2023 година.

6 февруари – Централните и локалните институции на Северна Македонија се солидаризираа со Туркије, подоцна прогласувајќи Ден на жалост, по катастрофалните земјотреси што го погодија јужниот дел на земјата, каде што животот го загубија повеќе од 40.000 лица.

1 март – Во Скопје се одржа дводневниот 2. Економски форум во организација на Економскиот форум Делфи и Грчката бизнис-асоцијација, на кој присуствуваа високи претставници од политиката, економијата, бизнисот и технологијата од земјата, регионот и пошироко.

8 март – Во присуство на турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок и американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, во Владата на Северна Македонија беше потпишан договор од страна на претставниците на Владата и турско-американскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за изградба на делници од коридорите 8 и 10-Д.

17 март – По 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Северна Македонија и ЕУ, што за прв пат се одржа во Скопје, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, од Скопје повикаа на постигнување внатрешен политички консензус во Северна Македонија за одобрување на уставните измени, за да може земјата да оди напред кон целосна интеграција во европскиот блок.

18 март – Северна Македонија беше домаќин на следниот состанок за дијалог на високо ниво меѓу Приштина и Белград, што се одржа во Охрид со посредство на ЕУ, каде што премиерот на Косово, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потпишаа предлог-договор.

27 март – Со централна свеченост во Касарната „Илинден“ во Скопје, во присуство на шефот на државата, највисоките претставници на Армијата и претставници на дипломатскиот кор, се одржаа вежби на Армијата, со што беше одбележана тригодишнината од членството на Северна Македонија во НАТО.

20 април – Министерството за внатрешни работи, преку свеченост организирана во Скопје, го означи официјалниот почеток на заедничката работа на Европската агенција за управување со надворешните граници на земјите на ЕУ (ФРОНТЕКС) во Северна Македонија.

8 мај – Во Охрид со свечена церемонија започна 50-тата Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, на која три дена министрите за внатрешни работи и шефовите на полициите од Европа, високите претставници на ИНТЕРПОЛ и експерти од безбедноста дискутираа за идеите за подобрување на глобалната безбедност.

15 јуни – Во Струга започна Преспанскиот форум за дијалог (ФПД), на кој учествуваа високи функционери од земјава и голем број претставници од регионот и пошироко. Дводневниот настан се одржа два дена пред 5-годишнината од Преспанскиот договор постигнат меѓу Северна Македонија и Грција, со кој се реши спорот за името на земјата и се овозможи членство во НАТО.

11 септември – Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во Скопје ги прими претседателите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, односно претседателите на земјите од Западен Балкан, како и претседателите на Хрватска и Словенија.

21 септември – Министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на прес-конференција го објави изборот на Скопје од страна на Европската комисија за Европска престолнина на културата за 2028 година.

22 ноември – Секретарот на НАТО, Јенс Столтенберг, заедно со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на средба во Скопје ги примија премиерот на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Милојко Спајиќ, и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

30 ноември – Во Скопје се одржа дводневниот состанок на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), на кој учествуваа делегациите на земјите учеснички.

извор:Анадолу

фото:Анадолу