Војната во Украина означува пресвртница во светскиот поредок, не само во воена смисла, туку влијае и на употребата на дигиталните валути.
Вредноста на биткоинот, најголемата криптовалута во светот, се зголеми за повеќе од 15% на повеќе од 43.000 долари, додека етереум скокна за повеќе од 10%.
Оваа информација доаѓа поради потврдата на најголемата крипто берза Binance дека нема да ги блокира сметките на руските корисници и покрај повиците да го стори тоа.
Се стравува дека поради одбивањето на пристапот до глобалниот финансиски систем, Русите би можеле да ја користат дигиталната валута и со тоа да ги заобиколат западните санкции. Затоа во неделата, украинскиот министер за дигитална трансформација, Михаил Федоров, ги повика сите големи крипто-централи да ги блокираат руските корисници.
„Клучот е да се замрзнат не само адресите поврзани со руски и белоруски политичари, туку и да се саботираат обичните корисници“, напиша тој на Twitter.
Во меѓувреме, милиони биткоини од донатори се влеваат во Украина.
извор/фото: агенции