Најголем број заболени со овчи сипаници регистрирани во месец јануари, вкупно 543 лица

Најчесто регистрирано акутно заразно заболување во јануари се овчите сипаници со вкупно 543 пријавени лица. Во однос на претходниот месец, декември, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 47,0 отсто, додека во однос на јануари 2024 се регистрира намалување за 39,9 проценти, покажуваат податоците од извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања во државава претходниот месец.

Во текот на јануари пријавени биле вкупно 841 заболено лице од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 45,8 на 100.000 жители. Во текот на месец јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 48,1 отсто во однос на претходниот месец, декември.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се шест заболени лица и тоа пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б и два случаи на инфекција со хламидија, се наведува во извештајот.

Во јануари пријавени биле три случаи потврдени на ХИВ, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 39 години.

 

 

skopjeinfo.mk