Најмалку десет лица загинаа, а 15 се ранети во напади со нож на две места во канадската провинција Саскачеван, соопшти денеска полицијата и во блискиот град Велдон. Досега во болница биле примени 15 ранети. Полицијата ги идентификувала двајцата напаѓачи и потрагата по нив е во тек. Полицијата соопшти дека се чини дека некои од жртвите биле цел на осомничените, додека други биле нападнати по случаен избор. Бројот на жртвите би можел да е поголем оттаму што не се знае состојбата на повредените кои биле префрлени во различни медицински установи. Канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер рече дека неговите мисли се со оние кои ги загубиле своите најблиски.
Related Posts
Македонија ќе купи објект во Њујорк со парите од продажбата на вилата на Тито
Македонија доби четири милиони долари од продажбата на заедничкиот имот на поранешна Југославија во Њујорк, а ќе се искористат за…
Декември месец ни носи чести врнежи, постудено време и повеќе снег од лани!
Според она што можам да го кажам во поглед на долгорочното анализање на времето, оваа година декември месец ќе го…
Денес во Македонија врнежи од дожд и снег, максимални 9 степени
Облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во…