Најмалку 16 лица загинаа, а 22 се повредени во двојна несреќа во близина на градот Газиантеп во јужна Турција, соопштија во саботата локалните власти.
Меѓу загинатите има тројца пожарникари, четворица вработени во итната помош и двајца новинари, објави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.
Спасувачките служби прво пристигнале на главниот пат на местото на несреќата на минибус, а потоа на нив налетал патнички автобус.
Автобусот се превртел и се лизнал 200 метри, удрил во возилото на брзата помош и во медиумска екипа.
НТВ емитува снимка од местото на несреќата на која се гледа како жртвите се извлекуваат од автобусот, опишувајќи ја ситуацијата како „хаотична“.
makfax.com