Најмалку 21 верник загинаа во напад на црква во Нигерија

Вооружени напаѓачи пукале во католичка црква во Нигерија при што убиле најмалку 21 лице активирајќи експлозив. Меѓу жртвите има и деца, соопштија локалните власти. Насилството во црквата Свети Фрањо во градот Ово за време на неделната молитва предизвика меѓународна осуда по нападот во Нигерија каде што е најпогоден е југозападниот дел на земјата.

Ричард Олатунде, портпарол на канцеларијата на гувернерот, изјави дека динамитот експлодирал во црквата пред напаѓачите да почнат да пукаат. Еден сведок изјави за Франс прес изјави дека за време на нападот видел пет напаѓачи вооружени со пушки во црквата.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, а мотивите се уште не се јасни. Претседателот Мухамед Бухари го осуди „ужасното убиство на верниците“, а папата Франциско повика на молитва за жртвите.

 

Радио Слободна Европа