Турскиот министер за здравство соопшти дека најмалку 28 рудари загинале во експлозијата во рудникот во Бартин.
Правиме се што можеме да ја подобриме состојбата на 11-те хоспитализирани пациенти“, рече Фахретин Коча.
Во експлозијата во рудникот за јаглен во провинцијата Бартин, на северот на Турција, животот го загубија 28 лица, а десетици останаа заробени под земја.
Експлозијата се случила на 300 метри од влезот во рудникот вчера околу 15 часот и 15 минути, соопшти кабинетот на гувернерот Бартин.
Во моментот на експлозијата во рудникот имало околу 110 луѓе, од кои речиси половината на длабочина од 300 или 350 метри под земја.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги суспендираа руските тимови и репрезентации од натпреварувањата. Тоа значи…
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според…