Најсмртоносната авионска несреќа во Јужна Кореја

Авион на Jeju Air се запали откако слета на трупот и се урна во ѕид на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја на 29 декември, соопшти националната противпожарна агенција. Се стравува дека преживеале само две лица, членови на екипажот, од 181 лице кои биле во летот.

Најмалку 167 луѓе загинаа кога авион на Џеџи Ер слета на трупот и се лизна од пистата пред да се запали кога удри во ѕид на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја, соопшти националната противпожарна агенција.
вионот на Jeju Air 7C2216 доаѓаше од Бангкок, главниот град на Тајланд со 175 патници и шест членови на екипажот.

Тој се обидувал да слета нешто по 9 часот на аеродромот на југот на земјата, соопшти Министерството за транспорт на Јужна Кореја.

slobodnaevropa.mk