Министерот за здравство Арбер Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип изјави дека дваесеттина најтешко повредени пациенти од пожарот во дискотека во Штип ќе бидат пренесени на лекување во странство
Според Таравари, пациенти на лекување ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, а третман понудиле и од Албанија и Холандија.
– Според нашите анестезиолози, 18 до 20 пациенти ќе има потреба да ги транспортираме надвор од државата за понатамошно лекување за тие што се покритични. Им оставив на екипата анестезиолози да одредат каде сметаат дека би било најдобро за натамошен третман за покритичните пациенти, рече министерот.
Во Штипската болница биле хоспитализирани 39 деца, кои како што кажа Таравари, се во релативно добра состојба. Генерално биле со изгореници, но имало и со скршеници.
4news.mk