На аеродромот во Скопје пречекан повредениот пациент кој се врати од Грција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево на скопскиот аеродром го пречека 22-годишниот пациент кој беше повреден во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, Грција. Заедно со него беше и министерот за здравство Арбен Таравари, кој изрази надеж дека по 24-часовен престој и направени токсиколошки испитувања, пациентот Ангел ќе биде пуштен на домашно лекување.

Муцунски најави дека и во текот на утрешниот ден се очекува враќање на уште пациенти кои беа хоспитализирани во странство.

„Продолжуваме со тековна комуникација со здравствените власти во државите каде што се сместени овие пациенти. Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се постојано во контакт и со нивните семејства“, изјави министерот.

Исто така, вечерва се очекува во државата да пристигнат и четворица пациенти кои досега беа лекувани во Шпанија. Сите тие се вратени благодарение на меѓународната поддршка и координација меѓу институциите.

 

 

4news.mk