Жена која , на Бадник, се породила во битолската болница „Плодност“, донела на свет тројка – две братчиња и сестричка, објави болницата на социјалните мрежи.
„Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов. Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент“, пишуваат од болницата во објавата.
„Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот,“ вели прим. д-р Таше Трпчевски од „Плодност“.
slobodenpecat.mk