На Горан Бреговиќ му е забранет влез во Молдавија

Бреговиќ ѝ се извини на публиката што нема да може да настапи, бидејќи на аеродромот во Кишињев без објаснување не му било дозволено да влезе во земјата.

– Со сите мои музичари сум на турнеја низ цела Европа и никогаш никаде немало никакви проблеми. Многу ја сакам вашата земја и уживам во секоја прилика да настапувам во Молдавија, особено на еден ваков колоритен и уникатен фестивал – вели тој во објавата и додава:

– Многу ми е жал што ми ја ускратија радоста и задоволството овојпат да се појавам пред вас – вели Бреговиќ во објавата на веб-страницата на организаторите на фестивалот.

vesnik.com