На денешен ден 2008 година почина доајенот на македонската народна песна Пепи Бафтировски

На денешен ден 25 Април 2008 година, на 66 годишна возраст почина Доајенот на Македонската Народна Песна Пепи Бафтировски.

Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД. Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да заплови „преку барата“, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.

Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот.

Но по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна тешката бoлecт.

Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.

Тој беше познат по неговите Големи Хитови кој ден денес се слушаат: ЗАВЕТНА , СЕ МИ ЗЕМАШ ЖИВОТЕ, СИНЕ МОЈ, АКО ЗГРЕШАМ НЕКА ИЗГОРАМ, САМО ЕДНА ПЕСНА и Други. ( 1942 – 2008 ) ПОЧИВАЈ ВО МИР.