На кошаркарски натпревар малолетник нападнал полицајци во СРЦ „Кале“, уапсени уште петмина скопјани

Полицијата вчера во 20 часот во Спортско рекреативниот центар „Кале“ уапсила малолетник од Скопје, поради тоа што за време на одржување на кошаркарски натпревар агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа физички нападнал еден од нив додека извршувал службени дејствија.

Исто така, за време на кошаркарскиот натпревар биле приведени и С.С.(37), М.Д.(34), Л.Л.(21), Л.Г.(19) и А.К.(21), сите од Скопје, поради непочитување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

По целосно документирање на случајот против сите ќе следува соодветен поднесок.

извор:МВР