На Криволак почнува најголемата воена вежба „Брз одговор 2025“

Повеќе од 2000 војници од државата, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство ќе учествуваат во големата воената вежба „Брз одговор 2025“ која од денеска (26 мај) до 9 јуни ќе се одржи на армискиот полигонот Криволак во земјава.

Оваа вежба е дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025 со околу 12000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа.

Северна Македонија ќе учествува со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185 учесници, Косово со 150, Австрија со 70, Грција 50, Албанија 30, Италија 30 и обединетото Кралство со двајца учесници.

Сите единици ќе користат своја формациска опрема, а како позначајни ќе бидат тенковите Леопард, борбените хеликоптери „AH-64 APACHE“, транспортни медицински хеликопртери „Black hawk“, инженериско возило „Хаски“, минофрлачи 120милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возила JLTV i HMMWV.

На вежбата ќе се користи стандардна маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.

Како што соопштија од Генералштабот на АРМ, вежбата ја тестира способноста на НАТО да одговори на развојните безбедносни закани, вклучувајќи и сајбер напади, служејќи како важна платформа за усовршување на мултинационалната соработка и потврдување на подготвеноста на силите-учеснички да го споделат товарот во сложени и спорни средини.

 

 

slobodnaevropa.mk