На почетокот од март ни се враќаат мразот и снегот на Балканот!

Како што и претходно најавив, почетокот на март месец ни носи нов продор на ладен воздух од североисток и од исток, истиот ќе услови појава на умерени до јаки мразеви ширум регионот, но и во нашата Република Македонија. Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец.

Покрај ладниот бран и северниот ветер, ќе има  и врнежи кои поради продорот на ладен воздух ќе бидат  од снег  и во дел од градовите ширум регионот и во нашата Република Македонија. Се очекува и формирање на снежна покривка, особено во повисоките населени места и на планините. А помала снежна покривка е можно да се формира  и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Наскоро следува детална и обновена метео анализа токму околу ова, најавува метеопрогнозерот Славчо попоски.

 

 

 

 

meteoalarm.mk