На Твитер се споделуваат броевите на пратениците од власта – „Порачајте им да не го предаваат народот“

На социјалната мрежа Твитер се споделуваат телефонските броеви на пратениците од власта, а потоа им се порачува „да не го предаваат народот“.

Ова се случува во пресрет на утрешната пленарна седница на македонското собрание на која ќе биде разгледуван „францускиот предлог“.

Од листата се изоставени броевите на кои може да се контактираат пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС кои во изминатиот период изразија резерва околу можноста да го поддржат предлогот.

Доколку броевите се вистинити, на ред е реакција од МВР.

фото: 360stepeni.mk